Продолжуваат хуманитарните активности на Inner Wheel клубот од Скопје: поддржан светскиот ден на лицата со Даунов Синдром

СПОДЕЛЕТЕ

Inner Wheel клубот од Скопје ја продолжи низата на општествено одговорни активности преку поддршка на танц фестивалот под мотото „Имам можности, имам избор“, во организација на здружението Трисомија 21, настан преку кој се одбележа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром 21-ви Март – симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба. 

Идејата на настанот е да се покаже дека е важно на лицата со Даунов Синдром да им се даде избор и можност да се изразуваат, со цел развој на нивните способности и целосно вклучување во општеството. Покрај домашни изведувачи на настанот, учество зема и Сара Горди – актерка и танчерка со Даунов синдром од В.Британија, која со години е јавна личност и активно работи на подигнување на свеста за способностите на лицата со Даунов Синдром.

Клубот Inner Wheel преку поддршката и организацијата на хуманитарни настани ја реализира својата мисија, промоција и организација на активности, услуги и позитивни практики, со цел подобрување на животот на жените и децата во светот, преку глобалната мрежа на членки, кои донираат на волонтерска основа – средства, посветеност и љубов на останатите.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ