Проблем: Фудбалски хулигани. Решение: Мајки наместо редари.

Во обид да го заузда насилството помеѓу фудбалските фанови, еден бразилски клуб ги вработи мајките на хулиганите како редари.

Во последните години, Ресифе стана едно од жариштата на бразилскиот фудбал, каде хулиганите предизвикуваат проблеми речиси на секој меч на нивната домашна екипа. Фудбалскиот клуб Спорт Ресифе реши дека е крајно време да се спречи таквото однесување на навивачите, па презема „екстремни“ мерки. Имено, тие најмија и обучија 30 мајки за да бидат редари на февруарското дерби против лутите ривали Наутико. Мајките беа пуштени да патролираат по и околу теренот, облечени во портокалови елеци со натпис „Мајка – обезбедување“.

security-moms-550x291[1]

„Идејата е да ги освестиме најфанатичните навивачи и да помогнеме во воспоставување мир на стадионите. На крај краева, никој не сака да тепа некого пред очите на мајка, особено не пред неговата“, вели потпретседателот на пи-ар агенцијата која стои зад идејата.

„Ваквата акција ги изненади сите. Никој не ни помислувал дека ќе ја сретне својата мајка на фудбалски натпревар“, вели маркетинг директорот на Спорт Ресифе.

За да го нагласат присуството на мајките, нивните лица биле прикажувани на големи екрани пред и за време на натпреварот.

Се разбира, тактиката се покажа успешна. Ниту еден навивач не бил уапсен на наведениот меч. Се чини дека сите се мирни како „бубачиња“ кога знаат дека мајка им може да ги потегне за уво и да ги посрами пред цела трибина.

- Реклама -