Според новиот закон учителките не смеат за 8-ми март да примат скап подарок

Кога се наближува денот на жената – 8-ми март, можеби ви паѓаат на ум учителките, бидејќи тие се оние кои добиваат најмногу подароци од своите повеќебројни ученици.

И тоа, најчесто се собираат по 100 денари сите ученици во класот, и се купува еден групен подарок чија што сума надминува 2.000 денари. Тоа веќе нема да биде возможно, бидејќи од оваа година е законски забрането.

Имено, претпразнично „Вест“ не потсети на законот кој стапи на сила на 13-ти минатиот месец, а се однесува на  вработените во јавниот сектор , каде спаѓаат и учителите.

Сега вредноста на подарокот кој што смеат да го примат државните и јавните службеници е ограничена до 1.000 денари, и тоа најмногу трипати во годината. Овој закон според надлежните е потребен во насока на спречување на корупција и подмитливост, но сепак останува прашањето дали со подароците ќе се доставува фискална сметка, за да нема забуни?

За крај, драги просветители, ви посветуваме една песна – наместо подарок.

- Реклама -