Неверојатен момент: Носорог спасува мала зебра

СПОДЕЛЕТЕ

Фотографијава разнежни милиони.

Се се случило кога малата зебра паднала во дупка со кал, не можејќи да се ослободи. Додека судбината и висела на конец, тоа го забележал еден носорог кој пиел вода на некој од околните вирови. Се раскажува дека носорогот веднаш притрчал кон зебрата, очигледно со намера да ја спаси. Го искористил својот рог и ја извлекол малата зебра од калта.

ad_161668777[1]

За жал, било предоцна, а зебрата, истоштена од борбата да се извлече од јамата, за кратко го изгубила животот.

Целиот настан се одвивал пред очите на Роел Ван Мујден – јужноафрикански сафари-водич, додека ги водел туристите на тура низ резерватот Мадикве Гаме.

ad_161669012[1]

- Реклама -