Ако можете да го одговорите ова прашање, сигурно сте робот

СПОДЕЛЕТЕ

Во филмот Blade Runner, инспекторот Декард (Харисон Форд) ги подложува субјектите што се сомнителни дека се андроиди на квиз со кој дознава дали навистина се луѓе. Многу од хуманоидните роботи не се ни свесни дека не се луѓе, се додека не паднат на тестот.

Одделот за вештачка интелигенција на Фејсбук смисли сличен тест. Тие создадоа прашање со кое веднаш може да се одреди дали некој меѓу нас е футуристички робот прикриен во човечко тело. Прашањето е дизајнирано како дел од квизот со кој се тестираат AI програмите за тоа дали се способни да комуницираат со луѓе.

Но, има трик. Невозможно е човек да го одговори прашањето. Ако случајно успеете, можете да бидете сигурни дека сте машина.

Прашањето е следно:

Џон е на игралиште.
Боб е во канцеларија.
Џон ја зема топката во раце.
Боб отиде во кујна.

1. Каде е фудбалот?
2. Каде бил Боб пред да оди во кујната?

Без паника. Ова е верзијата што треба да ве загрижува ако ја одговорите:

Sbdm ip im vdu yonrckblms.
Abf ip im vdu bhhigu.
Sbdm yigaus ly vdu hbbvfnoo.
Abf zumv vb vdu aivgdum.

1. Mduku ip vdu hbbvfnoo?
2. Mduku znp Abf fuhbku vdu aivgdum?

Се работи за истото прашање, но со заменети букви (на англиски). Сето ова е трик за AI програмите, кои се програмирани да ги одговараат прашањата врз основа на статистика, а не на јазикот.

- Реклама -