Во Хамбург, ѕидовите мочаат на вас

Областа Сент Паули во Хамбург е позната по ноќниот живот, пијаниците и вировите урина на секој чекор. По многубројните поплаки на локалните жители, градските власти решија да направат нешто во врска со овој проблем.

Едноставно речено, тие измислија ѕидови што мочаат на вас – се разбира, ако први ги „провоцирате“. Целава работа не е шега. Властите се заколнаа дека нивните ѕидови нема да трпат ср*ња од никого, а проектот веќе ја потврдува својата ефикасност. Секоја вечер, стотици пијаници и јавни уринирачи остануваат со утоп-мокри ногавици.

„Решивме да го решиме проблемот на наш сопствен начин“, велат од советот. „Ги напрскавме најпрометните ѕидови со супер-хидрофобен спреј. Мембраната е толку водоодбивна што течноста инстантно се одбива од површината“.

Па, ете. Ви мочаат позади зграда, под прозор? Хидрофобен спреј му е мајката.

- Реклама -