Роловано пилешко со спанаќ

СПОДЕЛЕТЕ

Денеска ви презентираме рецепт за вкусно, главно јадење.

Состојки:

500 г. пилешки гради

200 г. спанаќ

100 г. сирење

50 г. кашкавал

2 јајца

100 г. брашно

малку презла и сусам

по вкус, сол и бибер

Подготовка:

1 1. Пилешкото месо исечете го  на шницли и посолете го.

2. Спанаќот кратко  бланширајте го во солена  вода, потоа  исцедете го и  ситно исецкајте.  Измешајте го  со сирење.  Зачинете го со сол  и бибер.

 3. Секоја шницла  премачкајте  ја со фил, а врз него наредете  рендан кашкавал, а потоа  замотајте  како ролна.

 4. Ролованите шницли истапкајте ги во брашно,  потоа  во изматените јајца и во мешавината со презла и  сусам.

5. Пржете на врело  масло.

- Реклама -