По ова видео поинаку ќе го користите телефонот додека сте на улица

Не трепнувај, инаку ќе го пропуштиш моментот кога на овој невнимателен пешак му беше украден телефонот.

Лондонската полиција продолжува да биде во најкорисната полициска служба, објавувајќи видеа од сите криминални трикови што можат да ве снајдат кога најмалку се надевате. На следново видео безбедносните камери уловија еден таков инцидент, кога телефонот на еден минувач му беше украден за помалку од секудна, директно од рацете. Додека се соземе, крадецот заедно со уште двајца велосипедисти се далеку во неговото видно поле.

Во последните години, ваквите грабнувања во Лондон се се повеќе во подем, а најголем дел од кражбите се случуваат во вечерните часови меѓу 18 и 22 часот. Крадците возат мопеди или велосипеди, а некогаш и пешки им приоѓаат на жртвите одзади, дрпнувајќи го телефонот додека жртвата разговара или праќа пораки. Во дел од случаите, крадците и насила ги соборуваат невнимателните, одземајќи ги им го телефонот додека се обидуваат да се соземат.

„Ја предупредуваме јавноста да биде будна и внимателна кога го користи телефонот надвор на улиците“, вели еден од инспекторите. „Не праќајте пораки додека одите. Не само што може да се повредите, туку сте и ранливи од криминалци“.

Доаѓа пролет. Наскоро ќе има многу велосипеди низ градов. Па си рековме да ве предупредиме пред да стигне оваа мода и кај нас.

- Реклама -