Бебињата со двајца татковци, наскоро ќе станат реалност

СПОДЕЛЕТЕ

За прв пат научниците покажаа дека е можно двајца луѓе од ист пол да создадат бебе без потребата од надворешна клетка или од донација на сперма, пишува Science Alert.

Очигледните придобивки на овој метод ќе бидат за хомосексуалните парови кои сакаат да имаат дете заедно, но исто така ќе најдат примена и кај двојки кои страдаат од неплодност. Екипата научници, во кои учествуваат претставници на Кембриџ и на институтот „Вајцман“ од Израел, пред тоа имаа постигнато успех при слични обиди со глувци. Тогаш од клетки од кожата на глушец беа создадени клетки кои нормално се јавуваат пред појавата на спермата и јајце клетки.

Повторувањето на овој успех со човечка биолошка материја беше исклучително тешко, но сега научниците го создадоа истиот тип клетки користејќи такви од кожата на петмина донатори и матични клетки од пет човечки ембриони.

„Успеавме во првиот и најважен чекор од овој сложен процес, со цел да создадеме човечки матични клетки во лабораториски услови”, вели Азим Сурат, професор по физиологија и учесник во тимот.

Тој е еден од пионерите на нетрадиционалната репродукција и бил дел од тимот, поврзан со раѓањето на првото бебе во лабораториски услови во 1978 година.  Засега научниците се уште се далеку од вистинскиот пробив, кој ќе го промени начинот на кој се репродуцираме, но и можностите на луѓето кои бараат начини да имаат деца.

- Реклама -