Гафови од снимањето на „Игра на тронови“

HBO објави кратко видео од сетот на „Игра на тронови” (Game of Thrones), од четвртата сезона.

Додека сме во исчекување на најновите епизоди, очигледно од студиото се почувствуваа должни уште еднаш да не потсетат дека чекаме речиси една година. Само што овој пат има на што да се смееме – гафови пред камера.

Како што може да се види, изговорените зборови од устите на актерите за време на снимањата не се разликуваат од оние зад камера – воглавно вулгарности.

Погледнете го краткото видео со гафови. А во меѓувреме, потсетуваме дека премиерата на Game of Thrones е закажана за 12 април на HBO.

- Реклама -