Реклама поттикнува брзо читање + апликација

Оваа реклама нè тера да читаме побрзо отколку што мислиме дека можеме.

Луѓето секогаш се обидуваат да најдат нови начини преку кои ќе ги апсорбираат информациите побрзо.

Дали знаете дека, сепак, во целина мозокот е сосема способен на тоа и со помош на мала фора можете да читате побрзо од било кога?

Новата реклама на Honda, втемелена врз мотото „Надминете ги границите на возможното“, докажува дека супер брзото читање е многу полесно кога самите зборови се движат секавично.

Очигледно ова не е сосема нов концепт. Апликацијата Spritz што им помага на луѓето да читаат побрзо содржина на мобилни апликации, беше претставена на почетокот од овој месец. Слично на рекламата, апликацијата работи со тоа што ги покажува зборовите набрзина, еден по друг.

Погледнете го видеото и кажете ни – успеавте ли да прочитате што?

- Реклама -