Супермоќите на хороскопските знаци

Сите ние имаме квалитети кои нè прават посебни.

Хороскопот во голема мера може да ни покаже кои се нашите изразени црти од карактерот. Да погледнеме:

Овен – неограничена енергија

Луѓето од овој знак можат да бидат херои, чија што енергија никогаш не пресушува. Тие се брзи, вешти, дури можат да не јадат и не спијат, додека не го добијат она што го сакаат.

Бик – емоционална сила

Претставниците на овој знак можат и физички и емотивно да одолеат на предизвиците. Лесно се справуваат во тешки ситуации и буквално ништо не може да ги скрши.

Близнаци – менталист

Близнаците обично имаат способност да преземат огромна количина на информации за неверојатно кратко време. Без разлика дали читаат или едноставно набљудуваат, имаат капацитет да научат многу нови нешта.

Рак – сила за сочувство

Ако имаат суперсила, раковите дефинитивно ќе се пофалат со емпатијата. Тие се во состојба да ги разберат сите луѓе и мотиви околу себе, па лесно се поврзуваат со емоционалната состојба. Сакаат да воспостават специјална врска со секој човек, животно или растение на земјата.

Лав – господар на огнот

Нивниот темперамент може да создаде оган од ништо – доволно е само малку да се налутат. Но, со еднаква брзина може да се изгасне, ако забележат дека им штети на нивните блиски пријатели и сакани.

Девица – човечко торнадо

Поради брзината и интензитетот кој ги краси луѓето родени во овој знак, може слободно да се наречат – човечко торнадо. Благодарение на можностите да мислат 5 чекори однапред, може целосно да се промени ситуацијата, токму како торнадо.

Вага – промена на форми

Членовите на овој знак ги краси една практична вештина – способност за корекција и прилагодливост. Како супер херои, тие лесно се прилагодуваат кон секого и секаде. Нивната сила им дозволува да го живеат животот во повеќе форми и од повеќе позиции.

Скорпија – читач на душата

Припадниците на овој знак дефинитивно знаат како да ја читаат туѓата душа. Тие се единствениот знак во Зодијакот со толку силно развиена перцепција и моќно логичко размислување. Штом  скорпијата ќе ве погледне во очите, може да се оцени и да ги види вашите неискрени желби, страсти и цели.

Стрелец – детектор за лаги

Стрелците многу лесно можат да ја извлечат вистината од секој. Затоа се супер херои, наречени човечки детектори за лаги. До вистината нема да стигнат преку мерење на пулсот и промените во дишењето, туку преку ситни манипулации со кои ќе откријат соговорникот додека „трепка“.

Јарец – управување со мислите

Имаат неверојатно силна ментална енергија и упорност со која ги убедуваат другите кон нивното лично мислење и нивните одлуки. Јарецот знае буквално да контролира туѓи мисли. Идеите им се секогаш генијални.

Водолија – невидливи

Водолиите лесно стануваат невидливи. Нивната моќ за исчезнување е неверојатна, и физички и психички. Благодарение на оваа способност знаат да се дистанцираат кога треба, но и да го обиколат светот,  запознавајќи нови луѓе и нови ситуации.

Риби – создавачи на нови светови

Вечните сонувачи кои не се справуваат најдобро во реалниот свет знаат како да создадат нови , паралелни светови. Нивната фантазија и креативност немаат граници, па ако ги прашате со задоволство би живееле во некој футуристички филм како Матрикс.

- Реклама -