„Очи во очи“ четири минути: Резултат – љубов

СПОДЕЛЕТЕ

Дванаесет луѓе, четири минути, одличен резултат.

Њујорк Тајмс објави неодамна напис, опишувајќи експеримент во кој две лица зјапале во очите на другиот четири минути.

Прочитај повеќе: Само 36 прашањa нè делат од љубовта/ Обидете се и вие.

Теоретски, на крајот на овој период секој човек треба да се чувствува поблизок и поповрзан со другиот, без разлика на нивната врска пред почетокот на експериментот.

Инспириран од една од најубавите љубовни статии, корисникот на Јутуб – SoulPancake, собра шест двојки, за да ја тестира теоријата.

Меѓу нив има и целосно непознати пара, кои после четвртата средба, изгледаат како да се заедно 55 години. Секој пар има на располагање затскриена соба, во која четири минути треба да седи во тишина и да гледа во очите на другиот.

На крајот на експериментот дури и самите учесници се изненадени од резултатите.

Погледнете во видеото…

- Реклама -