Апсолутно некорисни факти

Сте знаеле ли дека далматинците се раѓаат без дамки? Сега знаете, а ќе дознаете и уште многу слични информации со секој следен ред. 

Ако сте деснак, повеќе ќе ја жвакате храната од десната страна. За леваците важи обратното.

Ако повеќе не чувствувате жед, морате да пиете повеќе вода. Кога човечкото тело е дехидрирано, механизмот за жед се гаси.

Ако жвакате мастика додека лупите кромид, нема да имате солзи.

Вашиот јазик е без бактерии само ако е розов. Ако е бел тогаш има тенка фолија со бактерии.

Титаник е првиот брод кој го користел SOS сигналот.

Зеницата на окото се шири до 45 проценти кога гледате нешто пријатно.

На човек кој престанал со пушење потребен му е до еден час помалку спиење во една ноќ.

Смеењето го намалува стресот, а го зајакнува имунолошкиот систем. Шестгодишните деца се смеат во просек по 300 пати дневно. Возрасните се смеат од 15 до 100 пати.

Бучавата што ја слушаме кога ќе ставиме школка на уво не е звукот на океанот, туку звукот на крвта која минува низ вените во увото.

Далматинците се раѓаат без дамки.

Лилјаците секогаш вртат налево кога излегуваат од пештерата.

На машките кошули копчињата се од десно, но на женските се од левата страна.

Бувот е единствената птица која го спушта горниот очен капак за да трепне. Сите останати птици го мрдаат долниот.

Единствената причина што медот е толку лесен за дигестирање во желудникот, е само поради тоа што претходно е дигестиран од пчелата.

Петлите неможат да кукурикаат ако не го истегнат вратот.

Сината боја има смирувачки ефект. Мозокот, при гледање во сина боја испушта хормони за смирување.

Секој пат кога ќе кивнете, неколку мозочни келии умираат.

Левото белодробно крило е помало од десното за да има повеќе место за срцето.

Кога се вцрвенувате, пределот околу вашиот стомак исто така добива црвена боја.

Кога носорозите се нервираат, нивната пот станува црвена.

Првиот Harley Davidson мотор бил направен 1903 година и користел конзерва од домати наместо карбуратор.

Лавот кој рика на почетокот на MGM филмовите се вика Volney.

Google всушност е име за број со милион нули.

Менувањето на позицијата на буквите се нарекува spoonerism. На пример, “Мепублика Ракедонија“ наместо “Република Македонија“.

За изградбата на бродот Титаник биле потрошени 7 милиони долари. За снимањето на филмот за истиот тој брод биле потрошени 200 милиони.

Прикачувањето на човековата кожа за мускулите е причината за дупчињата што се појавуваат при смеење кај некои луѓе.

Има 1792 чекори до врвот на Ајфеловата кула.

Човечката коса и нокти продолжуваат да растат и по смртта.

Потребни се околу 20 секунди за една црвена крвна клетка да пројде низ целото тело.

Повеќето фудбалери за еден натпревар претрчуваат околу 10 километри.

Секој ден 200 милиони парови водат љубов, се раѓаат 400 000 бебиња, а 140 000 луѓе умираат.

Во повеќето од рекламите за часовници времето прикажано на часовникот е 10:10 поради тоа што стрелките на часовникот така не го покриваат името на производителот (исто така часовникот изгледа како да се смее).

Colgate (прозводителот на пасти) имал многу проблеми во земјите каде што се зборува Шпански. Имено, Colgate на Шпански значи – „Оди обеси се“.

Единствените две животни кои можат да гледаат позади себе без да ја свртат главата се зајак и папагал.

Возрасен кенгур може да помине до 10 метри со еден скок.

Камшикот има јак звук поради тоа што неговиот врв се движи побргу од брзината на звукот.

Двајца протестанти за правата на животните протестирале пред една кланица во Bonn. Одеднаш свињите, околу 2000 на број, избегале преку оградата и во силен налет ги убиле двајцата.

Човечкото срце прави доволно притисок да ја исфрли крвта околу 10 метри!

- Реклама -