Групата Faithless оваа година на Егзит слават 20 години (ВИДЕО)

Еден од најголемите електронски бендови на сите времиња „Faithless“, ќе настапат премиерно во полн состав на 12-ти јули на Денс арената на Егзит.
Познатата група од Лондон се враќа на сцената за серија изработени настапи кои ја одбележуваат 20-годишната работа со ремикс на албумот „Faithless 2.0“. Покрај модерните верзии на електронски класики како што се „Insomnia“, „God Is A DJ“ и „We Come One“, изданието ќе содржи и три сосема нови песни. Faithless, исто така, ќе заокружи опус од седум албуми и голем број хитови од врвот на светските топ листи, продадени во преку 15 милиони копии.

Креативната група ја содржат харизматичниот фронтмен Макси Џез, мулти-инструменталиската Систер Блис, и продуцентот Роло, кој работи надвор од очите на јавноста и не учествува на концертите. Од целосна анонимност, во јули 1995 година го издаваат својот прв синг „Salva Mea“ а глобалниот успех го потврдуваат со еден од најважните електронски песни на сите времиња, хит-синглот „Insomnia“ со мулти-платинестиот албум „Reverence“. неколку години подоцна излегува и другата апсолутна химна „God Is A DJ“.

Макси Џез во пролетта 2011 година објавува дека тоа ќе биде нивна проштална турнеја, а двата распродадени и финални концерти во Лондон ги проследија обожавателите во најголемите кино сали ширум светот во директен пренос. А сега повторно се враќаат.

Билетите се продаваат по цена од 5.990 динари за Егзит фестивалот, а билет за еден ден може да се купи за 6.990 динари. Пакетите кои покрај билети вклучуваат и превоз и сместување, можат да се најдат на сајтот www.exittrip.org.

- Реклама -