Home УмниБус Здравје Пенисот е најголем по орален секс

Пенисот е најголем по орален секс

0
Пенисот е најголем по орален секс

Според Journal of Sexual Medicine, интензитетот на стимулансот влијае на силината на ерекцијата и на должината на пенисот. Во просек, пенисот е подолг за 0.3 сантиметри по орален секс, отколку без него.

 

Искривен на страна

Опуштениот пенис крие тајни што излегуваат на виделина кога е во ерекција – преку 70% од мажите имаат благо искривен пенис. Најчесто е искривен кон лево, и почесто кон горе отколку надоле. Тоа не се смета за проблем, освен ако не предизвикува болка. Што се однесува до големината, таа во опуштена состојба не е мерило – кај две третини од мажите, при ерекција пенисот се зголемува за околу 3 сантиметри, додека кај една третина може да се зголеми и за над 5 см.

 

Кондомите  влијаат на ерекцијата

Не важи за сите мажи, ама над 80% имаат проблеми со ерекцијата додека користат презерватив. Експертите велат дека тоа е првенствено резултат на навика, но и на други проблеми со ерекцијата, како воспаление на простатата и слаба циркулација, т.е. пониско ниво на тестостерон, со што ерекцијата потешко се одржува. Исто така, мажите што претеруваат со мастурбација немаат доволно „осет“ преку кондомот.

 

Мастурбацијата и ерекцијата

Ако мажот немал сексуален контакт или не мастурбирал неколку денови, тоа ќе се одрази и на неговата ерекција. Ќе биде поцврста, а пенисот нешто подолг, заради зголемениот доток на крв. Но, ако мажоте редовно (секојдневно) мастурбира, голема е веројатноста дека и сексот ќе биде пократок заради силната надразнетост и големата возбуденост.

 

Цигари

Пушењето е штетно за сите органи, а и пенисот не е исклучок. Никотинот лошо делува на циркулацијата, која е клучна за ерекцијата. Со текот на времето, може да дојде и до смалување на пенисот, а редовното пушење, како уживањето во опојни дроги, можат да го скратат за цел сантиметар.

 

Мажите имаат многу ерекции

За разлика од женските гениталии, машкиот пенис е биолошки програмиран за повеќе ерекции, со цел да остане здрав. Просечно, мажите имаат околу 11 ерекции дневно, 9 од нив преку ноќта.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here