Како да го натерате шефот да прави како што вие сакате

СПОДЕЛЕТЕ

Норвешките академици открија подмолна техника со која можете да го натерате шефот да ви даде покачувања, слободни денови и бонуси.

Студијата е дело на истражувачите од Норвешката Бизнис Школа. Резултатите покажуваат дека за да го изманипулирате шефот, потребно е тој да има одредени карактеристики.

Најважно, тој/таа треба да е човек што брзо носи одлуки. Кај некој што долго време размислува и ги зема во предвид сите факти пред да донесе решение, овој метод нема да работи. Вториот услов е да најдете нешто заедничко со нив, и да им дадете до знаење за истото.

Во симулираните преговори, шефовите што верувале дека имаат нешто заедничко со некого – слични интереси, навивале за ист тим – биле полесни за манипулирање. Клучно е вработениот да ја истакне сличноста што порано – потоа шефот секогаш ќе им биде во близина и најчесто ќе им излезе во пресрет.

Синем Акар-Буркај, дел од тимот, вели: „Што повеќе особини имате заеднички со брзиот одлучувач, толку повеќе ќе ве поддржува и ќе има поголема доверба во вас“.

Доаѓате од ист град, имате исто име, имате заеднички интереси, сте оделе во исто училиште или навивате за истиот фудбалски клуб… Сето ова може да придонесе во блискоста со друга личност, па и со шефот.

„Ако работникот го убеди шефот во доволно од овие заеднички сличности, шефот може лесно да биде манипулиран од другиот“ – велат истражувачите.

- Реклама -