Кој се врти: Земјата или Сонцето? – Американците не знаат, Европејците бетер

Иако живеат во една од најбогатите земји во светот, Американците се мета на потсмев заради нивната неедуцираност и немање појма од живот, а особено од наука. Во една неодамнешна студија, тие докажаа дека не се работи за стереотип, туку дека таквите исклиширани обвинувања се чиста вистина.

Во анкетата на National Science Foundation се покажало дека дури 25% од нив не знаат дека Земјата се врти околу Сонцето. Истражувачите им го поставиле ова основно астролошко прашање на 2200 луѓе, а еден од четири од прашаните бил тотално незапознаен со начинот на кој функционира соларниот систем. Исто така, анкетата покажа и дека дури 52% од испитаните не знаат дека луѓето еволуирале од поедноставни животински видови.

Пред да се изнасмеете, прочитајте во продолжение. Всушност, анкетираните Американци поминаа многу подобро од нивните европски соземјани. Дури 34% од прашаните Европејци не знаеле дека Земјата ротира околу Сонцето, а не обратно.

NSF ќе му го предаде целиот извештај на претседателот Обама, за да може да се изнасмее на човековата глупост и незнаење, а потоа и да се изнаплаче од мака, кога ќе престане да му биде смешно.

- Реклама -