Македоника со нов дизајн

СПОДЕЛЕТЕ

Он-лајн библиотека Македоника ја одбележа годишнината од своето постоење со лансирањето на новиот дизајн на веб-страната www.makedonika.mk
Комплетниот редизајн, како и новите функционалности, ја вбројуваат оваа дигитална библиотека во светскиот врв на електронското издаваштво. Новиот и интуитивен начин на пребарување и читање ја прави оваа платформа единствена во светот на е-книгите.

Денес на полиците на оваа александриска библиотека на македонската книжевност има 450 книги до кои имаат пристап преку 32.000 регистрирани читатели. Да напоменеме дека регистрацијата е бесплатна, мобилната апликација е бесплатна, книгите се бесплатни. Ова придонесе Македонците да ”симнат” преку 120.000 книги за првите 365 дена.
Најчитани наслови се модерните текстови на новите интернет ѕвезди, лектирите, нашите класици и книгите со историска содржина. Посебно е интересен податокот дека 50% од читателите не се од Скопје, ако се има предвид дека надвор од главниот град нема повеќе од 5 книжарници.

Евидентен раст се заблежува и кај бројот на регистрирани корисници од нашето малцинство во соседните држави кои само на овој начин можат да дојдат во контакт со литература на нивниот мајчин јазик.

unnamed (11) unnamed (12)

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ