Новиот Бил Гејтс веќе е роден и тоа во Македонија

Младиот компјутерски гениј Марко Чаласан од Македонија, го положи последниот испит во Љубљана и стана најмладиот Мајкрософт систем инженер.

Веста доби голем публицитет во словенечките и црногорските медиуми, но и во еден од највлијателните светски електронски медиуми CNET, кој оваа информација ја пласираше како вест на денот.

Медиумите го нарекуваат Марко- новиот Бил Гејтс.

Според технолошката обученост Марко дефинитивно е чудо од дете, изјавил Матеј Потокар, главниот менаџер на Мајкрософт во Словенија.

Генијот Марко, на компјутер дневно работи 4 часа, но понекогаш и повеќе од 10. Не игра видео игри, а на своите врсници им порачува доколку сакаат да играат да излезат надвор и да си играат со нивните реални пријатели.

Во меѓувреме, Марко работи на проекти. Еден од нив е за продукциски висококвалитетни HD лекции во Full HD формат, како и дизајнирање на систем за емитување на истите по пат на мрежна дистрибуција. Сака да го промовира проектот на некој од поголемите светски ИТ саеми и собири, а се надева и дека за него ќе се заинтересира и некоја компанија во Македонија.

За Марко Чаласан, како информатичко чудо од дете се дозна пред неколку години, по што Министерството за образование му подари комплетна компјутерска лабораторија, која како што вели, многу му помогнала да го усоврши своето знаење.

- Реклама -