Супер ти стои… ај сега гитла :)

СПОДЕЛЕТЕ

Една од најомразени активности од страна на мажите е тоа да им прават друштво на жените за време на шопинг. Можеби после ова сликата ќе се промени?

Urban Outfitters во своите продавници ставија конзоли за игри, за мажите да можат да се забавуваат кога ќе им се смачи што нивната драга го облекува веќе десетото парче во продавницата.

Од ланецот на продавниците потврдија дека просторот за играње се наоѓа во секој продажбен објект на Urban Outfitters во Велика Британија, и тоа во центарот на продавницата.

Мажи како ви се допаѓа оваа идеја?

Корисниците на редит пишуваат дека ова е веќе хит меѓу мажите, како и тоа дека мораат некако да се забавуваат додека нивната девојка си игра „поголемо-помало“.

- Реклама -