Nissan замрзнува дел од проектите за иднината?

СПОДЕЛЕТЕ

Компанијата Nissan привремено ја замрзнување работата на најхрабрите и нестандардни проекти, за да ги насочи своите сили и финансии за развојот на масовните модели кои носат и поголеми приходи, соопшти Automotive News.

Според информациите засега Јапонците престанаа да работат на создавање на буџетскиот спортски автомобил во стилот на концептот iDx, на новата верзија на нестандардната спортската машина BladeGlider со ниско поставени предни тркала и на моќниот седан со погон на четири тркала Infiniti Q50 Eau Rouge. Најважниот од овие три модели беше токму IDx, која требаше да ги привлече младите клиенти на брендот. Што се однесува до BladeGlider – тој мораше да се претвори во одлична реклама за електричните изданија и да покаже врвна технологија со која располага Infiniti. Кај него има проблем и со интелектуалната сопственост, за која тврди дека ја има американската компанија DeltaWing Racing Cars LLC. Третиот проект – Q50 Eau Rouge, од своја страна требаше да вдахне нов живот на премиум-брендот. Тој, сепак, исто така засега ќе биде замрзнат, откако остана без двајца од најсериозните поддржувачи – поранешниот потпретседател на Nissan Енди Палмер и екс-шефот на Infiniti, Јохан де Нисен, кои ја напуштија компанијата. Првиот го предводи Aston Martin, а вториот – Cadillac.

Сега во Infiniti наместо да работат на Q50 Eau Rouge, ќе се насочат на комерцијализацијата на каросеријата Q60 со 2.0-литарски мотор од  Mercedes-Benz. Таа ќе го замени моделот G37 кој за последните 12 години запишуваше во просек по 14.000 продажби годишно. За споредба, компанијата пресметаа дека од Q50 Eau Rouge ќе се продаваат само неколку стотици парчиња во текот на една година.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ