Неверојатно е како изгледа овој стан од 24 квадрати по реновирањето

СПОДЕЛЕТЕ

Кога Кристијан Шалерт го купил овој мал, тесен и запуштен стан, неговите родители мислеле дека е луд. По реновирањето, друга приказна.

Како што вели тој, инспирацијата ја добил од малите бродови. Типично за нив е што просторот е исклучително мал, а мебелот обично се состои од вградени елементи на отварање, со цел максимална ефикасност. Такво е и станчево. Има се што му треба на Кристијан, но и на секој активен млад човек. Тој го нарекува „активен стан“.

„Луѓето ме прашуваат како успевам да бидам толку слаб, а толку многу да јадам“.  По видеово, се е јасно. Што и да сакате да направите, ќе мора да се потрудите, не премногу, ама доволно за да бидете раздвижени и постојано да трошите калории.

Креветот му е под балконот, има трпеза за 4-5 луѓе, има удобен тоалет со полица за книги. Вака звучи чудно, ама штом ќе видите со свои очи, љубовта на прв поглед е загарантирана:

 

- Реклама -