Зошто се јавува крварење, помеѓу две менструации?

СПОДЕЛЕТЕ

Ова е едно од прашањата што успеало да збуни и исплаши голем број жени. 

Од таа причина, пренесуваме одговор од гинеколозите во врска со крварењето меѓу два менструални циклуси.

Да слушнеме како гласи прашањето:

„Имам постојан партнер и редовни сексуални односи. Последните два месеци ми се случува да крварам додека мокрам меѓу двете менструации. Мојот гинеколог вели дека причината лежи во стресот. Имам бебе старо две години. Се плашам, дали тоа може да има врска со раната од царскиот рез? Што ми советувате?“

Одговор:

Крварењето меѓу две менструации може да се појави од многу причини.

Може да биде овулаторно крварење, односно поради т.н хормонско пореметување ( на пример, недостаток на прогестерон), поради промени на грлото на матката, може да биде крварење од мочниот меур, и.т.н.

Важно е, меѓу останатото, кога точно се јавува крварењето. Дали се случува пред менструацијата, после менструацијата или во средината на циклусот.

Во секој случај, морате да направите колпоскопски преглед и пап тест кај вашиот гинеколог, а потоа ултразвучен преглед на карлицата и евентуално хормонско испитување.

- Реклама -