Неколку знаци дека сте постоеле во некој претходен живот

Д-р. Брајан Вајс има малку поинакво објаснување за ситуациите кои од непознати причини ни се многу познати и често не збунуваат.

Во својата книга „Чуда се случуваат“, феноменот кој многумина го нарекуваат дежа-ву, Вајс го поврзува со постоењето на минати животи и мистериозна умствена и душевна конекција со сегашниот. Тој дава примери за неколку ситуации:

1. Имате чувство дека нешто ви е неверојатно познатно, но не можете да објасните зошто.

– На пример, една моја пациентка почнала да станува анксиозна за време на медениот месец во Грција. Кога таа и нејзиниот сопруг тргнале кон Рим, таа потполно се смирила. Кога дојде кај мене, работевме на нејзиниот минат живот и дознавме дека всушност била убиена во стара Грција. Иако сега немала никаква причина за тоа, анксиозноста се разбудила, и тоа заради толку далечен настан.

Според Вајс, во текот на присеќавањето на минатите животи, постои и можност за лечење и опоравување на умот, духот и телото, како и потенцијал да се зајакне сегашноста.

2. Сонувате соништа кои се толку реални што не сте сигурни дали сте ги сонувале или навистина ви се случиле.

– Имате ли сонови кои се толку јасни и одат до најситните детали од вашето постоење, но во различни времиња? Тоа исто така може да е сеќавање на некој минат живот. Сеќавањата на минатите животи не се задолжително вистински сеќавања – можат да бидат и симболи, нешто што треба да се интерпретира, со цел да извлечеме јасна порака во сегашноста.

maxresdefault[1]

3. Способни сте одлично да решите тест по историја, без многу учење.

– Талентот, капацитетот, нештата кои ви се допаѓаат, кои не ви се допаѓаат, привлечноста, аверзијата… сето ова може да е траг од некој претходен живот. Ако некои луѓе или култури ве привлекуваат на некој посебен начин, а не ви се познати, се е тоа траг. Ако сте способни нешто да научите за многу пократко време од другите, а со дупло помалку труд, размислете… можеби сте биле токму таму или сте го говореле баш тој странски јазик.

4. Чувствувате дека некој е ваша „сродна душа“

– Често се случува да патувате низ многу различни животи со потполно иста група на души. Јас ги нарекувам група на сродни души, следбеници, семејство. Можеби врските се менуваат од живот во живот, но душите се исти. На пример: вашата прабаба може да се реинкарнира во ваша внука. Гледајќи на нештата на овој начин, ние не ги губиме оние кои ни се драги, туку со нив се сретнуваме подоцна на оној свет, или дури и на овој, заради реинкарнација. Во книгата работев на многу примери за реинкарнација. На пример, Мишел, чија мајка починала кога била мала, беше многу задоволна со фактот што тие две биле заедно уште пред Средниот век. Во тоа време, биле маж и жена.

- Реклама -