Ваква фудбалска стратегија за одбрана од слободен удар не сте виделе (видео)

Тешко е да се одлучи дали оваа стратегија е генијална и брзо ќе се прошири, или е премногу бизарна за такво нешто. Сеедно, Б тимот на францускиот фудбалски клуб Ница, во натпреварот против Гренобл, презентираше до сега невиден начин на одбрана при слободен удар.

Наместо едноставниот „жив ѕид“ пред голманот – идејата на која сите сме навикнати, фудбалерите на Ница поставија „ѕид“ од играчи на самата гол линија, со голманот излезен некаде на средина на шеснаесетникот.

И погодете што… Тактиката им успеа. Иако шутот беше прецизен, одбранбените фудбалери лесно ја одбија топката со глава.

Нешто ни вели дека ваква одбрана ќе гледаме уште многу пати во иднина.

- Реклама -