Совршена листа на гости за свадба

Совршената свадба вклучува совршена листа на гости.

Инспирирани од романот “Дали постои идеална листа на гости?”нудиме неколку совети што ќе ви помогнат како да направите совршена листа.

Да бидеме реални за бројот на гостите, за да се избегне стресот подоцна

Местото и вашиот буџет се главните фактори кои ќе влијаат на крајната слика.  Затоа, колку е поблиску првичната листа со реалноста, толку подобро. Секогаш оставете простор за некој неочекуван гостин, како и лица со прашалник  – каде ќе можете да кратите доколку има потреба од тоа.

Одлучете како да ја дистрибуирате листата пред да преземете финансиска помош

Соодносот за тоа по колку гости има од  секоја страна е многу лизгава територија. Особено ако еден или  друг од родителите се вклучени во планирањето: идејно-политички и финансиски . Затоа, треба да бидат јасни очекувањата во однос на бројот на гостите и да се држите до бројката.

BLOG-Wedding-Guests-Dancers

Не им дозволувајте на роднините да ве малтретираат

Граници . Поставете ги и држете се до нив На крајот на краиштата, ова е вашата венчавка. Ако мајка ви сака да ги покани сите свои пријателки од црковниот хор, ќе треба да се отстранат некои од вашите гости. Најпрво, направете компромис. Доколку не помогне преговарајте.

Поставете некои правила (и навистина следете ги)

Ова е време да се вратите во реалноста и да започнете да кратите од имиња на листата, се додека не ја достигнете магичната бројка. Најлесен начин е преку создавање на сопствени правила, а потоа нивно следење. Нивната формулација е тешкиот дел. Но, ако ќе се држите до нив, секако, го намалувате ризикот од понатамошна драма.

Совет: Сите ние сме слушнале хорор приказни за листите на гости . Затоа, со цел да се продолжи непречено создавање, мора да бидете целосно искрени.  Првично, тоа ќе биде тешко, затоа што ќе постојат несогласувања. Не заборавајте да се запознаете и со односите меѓу поканетите, пред да ставите две смрно скарани фамилии на иста маса.

200140203-001

- Реклама -