Еве зошто треба да јадете лук на празен стомак

Лукот има дезинфекционо, антибактериско и фунгицидно дејство, ефикасно речиси колку и најдобрите антибиотици. Лукот е секогаш корисен и се препорачува од експертите за зајакнување на имунитетот и многу други здравствени погодности.

Сепак, јадењето лук на празен желудник има малку поинаков ефект. Научниците открија дека јадењето лук на празен стомак ја зголемува неговата ефикасност како природен антибиотик. Тоа се случува зашто бактериите не можат да се сокријат во храната и се прилично откриени и ранливи, па така не можат да се одбранат од лукот.

Лукот содржи околу 400 активни материи, богат е со витамини и минерали: аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Редовната примена го подобрува и олеснува крвотокот, ги снижува повишениот крвен притисок и маснотијата во крвта, го намалува ризикот од болести на срцето. Одличен е во улогата на антиоксиданс и го штити организмот од дејството на слободните радикали.

- Реклама -