Фармер ископал ретка трупка во форма на човечко стапало

СПОДЕЛЕТЕ

Јапонскиот фармер Јукихиро Икеучи прилично се изненадил кога ја нашол оваа трупка, во форма на човечко стапало, комплет со се прсти.

На необичниот зеленчук фармерот налетал додека ја собирал жетвата наменета за продажба и извоз. Трупката е долга 30 сантиметри и тежи 1.5 килограм.

Како што објаснува Икеучи, тој решил дека ќе биде најдобро да ја задржи, наместо да ја продаде на некој „што нема да ја цени нејзината необичност“.

Сега трупката се наоѓа на изложба во Fureai Ryonan центарот во Ајагава, Кагава, Јапонија.

ad_157589653-e1422099299348[1]

- Реклама -