Обичен ѕид претворен во нешто прекрасно

СПОДЕЛЕТЕ

Доколку сметате дека ѕидовите во вашата дневна соба се здодевни, можеби треба да размислите и вие за нешто вакво. Доволно е да имaте волја, енергија и имагинација.

Иако многумина веќе помисливте и на финансиските трошкови, сепак, човекот кој го изработи овој редизајн кој ви го прикажуваме во продолжение покажа дека и без поголема сума на пари можете од ништо да создадете нешто.

Корисникот на Imgur најпрво на местото на обичниот ѕид најпрво наредил две греди. Нешто подоцна, двете основни греди ги соединил со уште неколку. Така започнало се.

obican-zid-preuredjenje-2

Следниот чекор бил кроење на материјалите, односно на специјалните плочи. После неколку часа ѕидот започнал да добива поинаков изглед, и веќе се навестувало кој е неговиот план.

obican-zid-preuredjenje-3obican-zid-preuredjenje-4

Со редењето на белите цигли како завршна точка, тој со минимални трошкови успеал да создаде магичен ѕид со вграден камин.

obican-zid-preuredjenje-5 obican-zid-preuredjenje-6 obican-zid-preuredjenje-7 obican-zid-preuredjenje-8

- Реклама -