Тест за мерење на коефициентот на сексуалната „интелигенција”

СПОДЕЛЕТЕ

Веројатно сакате да ја дознаете вистината за тоа колку добро ги познавате своите сексуални потреби и колку добро умеете да ги препознаете желбите на партнерот.А знаете ли што всушност значи сексот за вас?

Сето ова ќе го добиете како одговор, доколку го направите овој тест . Одговорете со “да” или “не” на секое од предложените тврдења подолу, а потоа пресметајте го резултатот.

Тестот е наменет за женската публика

1. Никогаш не би глумела оргазам.

2. Со партнерот можам да разговарам слободно на сите теми поврзани со сексот.

3. Со леснотија предлагам нови пози или сексуални техники.

4. Сексот ми е на прво место во врската.

5. Не гледам ништо срамно во тоа да мастурбирам кога сум сама.

6. Ако партнерот мастурбира пред мене, тоа нема да ме збуни.

7. Ако не сум расположена за секс, ќе му кажам директно на мојот партнер.

8. Секогаш сум искрена, кога разговарам со партнерот што чувствувам за време на сексот.

9. Ако во кревет правам нешто што не му е пријатно на партнерот, преферирам тој искрено да ми каже.

10. Дознавам и се согласувам дека различни луѓе може да имаат различни потреби во сексот.

11. Со радост ги прифаќам сугестиите на партнерот да пробам нешто ново во креветот.

12. Го прифаќам своето тело какво што е – со сите негови недостатоци и бенефиции.

13. Ги споделувам фантазиите.

14. Ако моите сексуални потреби или желби се разликуваат од оние на мојот партнер, подготвена сум да направам компромис.

15. Сакам да менувам повеќе пози за време на сексуалниот чин.

16. Настојувам да направам сè, за љубовникот да биде задоволен.

17. Ги почитувам правилата за безбеден секс и никогаш не отстапувам од овој свој избор.

18. Ако партнерот ми каже “не” на некој секс-предлог, нема да се навредам.

19. Романсата за мене е важна и суштински дел од сексуалните односи.

20. Немам ништо против “еден брз секс” од време на време.

21. Ако партнерот ејакулира предвреме ќе го разберам.

22. Ако на партнерот му е тешко да се возбуди, нема да го сфатам тоа “лично”.

23. Ако партнерот е премногу груб или премногу  нежен во сексот, ќе му го кажам тоа.

24. Да се биде добар љубовник не значи да имаш многу партнери.

25. Никогаш не сум помислила дека сексот е нешто валкано.

Резултати:

Ако сте одговориле со „ДА“ на 20 до 25 одговори , тоа значи дека имате висок сексуален коефициент на интелигенција. Разбирате дека најдобрите сексуални односи се невозможни без отвореност, доверба и искреност и ги следите овие принципи. Обрнете внимание на прашањата кои сте ги одговорила со “не” – ако успеете да го промените мислењето за овие точки, ќе станете апсолутен сексуален гениј, што значи дека сексуалниот живот ќе ви биде уште подобар.

Ако сте одговориле со „ДА“ на 12 до 19 одговори, тогаш вие имате просечно сексуално IQ. Вие ги познавате сексуалните желби и потреби и умеете да одржите хармонични односи со партнерот. Истовремено, понекогаш кај вас е можно да се појават конфликти или навреди. За да ги минимизирате, видете на кои прашања сте одговориле со “не” и поработете на себе.

Ако имате помалку од 12 одговори со „ДА“

Вашето сексуално IQ е ниско. Можеби немате доверба во себе и затоа вашите сексуални односи се далеку од идеалот. Потребна ви е сериозна работа над себе си за да го зголемите коефициентот на сексуалната “интелигенција”. Размислете што би можеле да направите, поделете ги активностите на мали чекори и започнете отворени разговори.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ