Светско првенство во Катар: Maкедонија ќе се пресмета со Тунис

Тунис ќе биде првата земја со која што нашата ракометна машка репрезентација ќе се натпреварува на Светското првенство во Катар.

Попладнево во 15 часот ќе започне најважниот меч за земјава во групната фаза од мундијалот.

„Не очекува тежок натпревар. Ова ќе биде најтешкиот и за нас најзначаен меч на ова првенство. Можеби е и подобро што добивме ваков распоред и што стартуваме токму со мечот против Тунис. Овој состав има акумулирано доволно искуство за да може да одговори на овој предизвик и верувам дека денеска ќе се радуваме на првата победа на ова СП“ – вели Стоилов.

Целта на Македонската репрезентација е пласман на олимписките Игри во Рио, следната година.

- Реклама -