Јахти, забави, фудбал: Прекрасниот живот на Роман Абрамович

СПОДЕЛЕТЕ

Роман Абрамович е 5-от најбогат човек во Русија и 50-ти најбогат во светот, со персонално богатство од 9,5 милијарди долари. Абрамович живее во Велика Британија. Тој го поседува фудбалскиот клуб Челзи, има 7 деца, а неговата девојка Дарја Зукова е познат модел во Русија. Абрамович е на возраст од 48 години. Роден е во Саратов, СССР.

Како се збогатил?

Заедно со Борис Березовски инвестираат во Сибнефт, најголемата руска нафтена компанија. Подоцна тој го добива поголемиот дел од компанијата, кога Березовски е принуден да ја напушти Русија, по доаѓањето на Путин на власт.

Имот

Рускиот милијардер поседува неколку големи имоти во Лондон, вклучувајќи и куќа на улицата на милијардери во англиската престолнина.house1

Тој исто така поседува замок на Француската ривиера, а во 2009 година потроши рекордни 90 милиони долари за имот со површина од 70 хектари во Сент Барт. Минатата година Абрамович сакаше да купи и куќа во Менхетен за 80 милиони долари, но сепак во последен момент,  сопственичката побара повеќе пари и тој се откажа. Во моментов имотот се дава под наем, а бараната цена е 80 000 долари.home(3)

Задоволства

До 2014 година тој беше носител на најдолгата јахта во светот Eclipse, но таа беше надмината од јахтатата на шеикот Калиф бил Зајед ал Нахајн. Таа е долга 163 метри и има два базени и сопствена подморница. Цената на ова задоволство е 1,5 милијарди долари.

Се разбира, тој има и приватен авион – Boeing 767 кој може да собере 375 лица.

plane(6)

 Забави

Кога еден милијардер слави, тоа го прави со лукуз и стил. Минатата година Абрамович ги изнајми сите 111 соби во луксузниот хотел Beresheet во Тел Авив, за да можат тој и неговото семејство да се забавуваат.hotel(2)

Во 2013 година пак Абрамович прослави  Нова година изнајмувајќи го островот Сент Бартс. Забавата чинела 8 милиони. Абрамович се движи со придружба и заштита од околу 40 лица. Нив ги плаќа околу 2 милиони долари годишно.

ohrana

Хоби

И Абрамович, како и многу други Европејци, сака фудбал. Разликата меѓу него и останатите е дека тој може да си го купи омилениот тим. Во 2003 година тој го купи Челзи и често се појавува на трибините.

 Семејство

Женет е два пати и има седум деца. Неговиот прв брак со Олга Јоревна траеше три години (1987-1990 година). Вториот е со Ирина Маландина – од 1991 до 2007 година. Со неа тој има 5 деца.

Во моментов девојка на Абрамович е рускиот модел Даша Зукова. Таа има 33 години и работи како главен уредник на списанието Garage. Двајцата имаат две деца.

- Реклама -