Фејсбук отвора нова мрежа која ќе се вика „Фејсбук на работа“

СПОДЕЛЕТЕ

Фејсбук отвори нова мрежа која ќе се вика „Фејсбук на работа“ и ќе ви помага да го правите официјално она што и онака го правите по цел ден – да висите на  Фејсбук.Новата услуга работи како нормален профил на социјалната мрежа, но ви овозможува да се поврзете со колегите кои може и да не ви се пријатели. Најважно е дека бојата на странaта е друга и ако вашиот шеф го види мониторот ќе знае дека користите Фејсбук во режим „на работа”.

За сега оваа опција се тестира и само некои партнери на социјалната мрежа можат да уживаат во нејзиното ексклузивно искусување. Услугата ќе биде масовно пуштена подоцна во текот на годината. Facebook сака да ја користите мрежата, колку што може почесто – дури и кога сте на работа. Компанијата заработува од рекламите кои ги гледате, па сака да ја направи мрежата пријатна за користење во секое време.

Facebook at Work ќе постои како посебна алатка на десктопот и како посебна апликација за паметни телефони. Бојата на страницата ќе биде бела, наместо сина. Ќе имате различен Facebook идентитет за апликацијата на работа, а идејата е преку неа да комуницирате со колеги и луѓе од работното место. Не е потребно да имате ФБ профил, за да користите Facebook at work, бидејќи за него регистрацијата ќе се прави одделно.

- Реклама -