Какви глупости прашувале луѓето пред да постои Интернет?

Звучи страшно одамна, ама голем дел од нас се сеќаваат на времиња кога немавме брз пристап до секоја информација што ќе ни притреба. Ако не ви се верува, изгуглајте. Факт е дека пред да можеме приватно и со малку труд да ги впишеме нашите најглупави прашања во пребарувачот, луѓето мораа да одат во библиотека и да истражуваат кога нешто сакаа да дознаат. Како и да е, некои од нив немаа време за тоа, па ги прашуваа библиотекарите за информацијата што им била потребна, исто како што ние денес го прашуваме Гугл. Библиотекарите беа соодветно тренирани за да можат или да ви го одговорат прашањето или да ви посочат каде да го најдете одговорот. А како што можете да претпоставите, исто како и сега, и тогаш имало страшно глупави прашања.

Архивата на њујоршката јавна библиотека е доказ за тоа, а покрај многуте интересни нешта на нивната Instagram страна, неодамна започнаа со серијалот #letmelibrarianthatforyou. Прашањата варираат од 1940-те до 1983-тата година. Еве некои од најглупавите:

desktop-1419446210[1]

„Дали камилите мораат да бидат регистрирани во Индија?“

 

desktop-1419446210[1]

„Зошто англиските слики од 18-от век имаат толку многу верверички во нив, и како ги припитомувале за да не го гризнат сликарот?“

 

photo_dec_17_4_13_02_pm-2278x3037[1]

„Имам две прашања. Првото е во врска со етиката. Бев на новогодишна забава и неочекувано преноќив таму. Не ги познавам домаќините. Треба ли да пратам писмо за благодарност? Второ, кога ќе сретнеш некој и знаеш дека вреди 27 милиони долари затоа што тоа ми го кажаа, и кога ја знаеш неговата националност, како можеш да го дознаеш неговото име?“

 

desktop-1419446204[1]

Прашање: „Кој е природниот непријател на патката?“

Библиотекар: „Како мислиш?“

Прашање: „Па, цело јато од нив ми слета во базенот. Им мафтав со метла ама тие само ме гледаат и квакаат. Помислив да го донесам нивниот природен непријател во областа околу базенот“.

 

desktop-1419446205[1]

„Колкав процент од сите кади за бањање во светот се наоѓаат во САД?“

 

desktop-1419446207[1]

„Дали женското човечко суштество припаѓа на класата на цицачи?“

 

desktop-1419446203[1]

Порака за колегата во која се зборува за студент кој барал информации за индијански главатар под името „Сити Бул“. Всушност се работи за „Ситинг Бул“ („Бикот што седи“).

 

desktop-1419446203[1]

„Би сакал да знам нешто за физичките карактеристики на Адолф Хитлер. Мислам дека го најдов – оди тешко на едната нога и се тоа“.

 

desktop-1419446200[1]

„Татко ми го поседува вториот најстар светилник во земјата. Каде можам да го продадам?“

 

desktop-1419446202[1]

„Може ли да добијам книга што ќе ме подучи како да бидам хостеса на музичка оргија?“

 

desktop-1419446199[1]

„Какво јаболко изела Ева?“

 

desktop-1419446198[1]

„Има ли некој авторски права на Библијата?’

 

desktop-1419446195[1]

„Имате ли некои книги за човечки суштества?“

- Реклама -