Северноамериканско деби за Honda Fcv Concept

Honda FCV Concept ќе има деби за време на меѓународниот салон во Детроит на 12 јануари. Со концептно развиениот модел, компанијата демонстрира дел од дизајнерските и технолошките решенија кои ќе ги видиме во еден целосно нов модел со погон на водород.

Новиот автомобил претставува напредна верзија на концептот FCEV прикажан минатата година во Лос Анџелес. Тој располага со помал резервоар за водород, кој сепак го чува горивото под поголем притисок. Моќноста на моторот е исто така зголемена до 136 КЅ, а целокупната динамика и потрошувачка е подобрена за околу 60%, потврдуваат информациите од Honda. Благодарение на оптимизацијата, новата Honda FCV може да помине со полн резервоар околу 700 километри. Самото полнење со водород трае само 3 минути, или како кај автомобилите со конвенционалните мотори. Агрегатот на Honda FCV се напојува со електрична енергија добиена од хемиска реакција меѓу кислород и водород. Единствениот производ кој се лачи при оваа реакција е вода.

Интересна новина кај водородниот автомобил е можноста тој да работи како генератор на електрична енергија, што може да биде употребено, на пример, при природни катастрофи. Според најавите Honda ова остварување ќе го лансира на јапонскиот пазар до крајот на март 2016 година, а потоа во САД и Европа.

- Реклама -