Каде оди салото кога слабееме?

СПОДЕЛЕТЕ

Во последно време сме толку бомбардирани со диети и слебеење што просечниот човек стана експерт за диети и калории. За да биде поиронично, се уште имаме куп заблуди околу губењето на килограми.

Некои луѓе веруваат дека маснотијата се претвара во енергија или топлина – што е кршење на законите за одржување на масата, додека други веруваат дека маснотијата се исфрла од телото на овој или оној начин. Трети тврдат дека масното ткиво никогаш не може да се изгуби, можете само да го згрчите ако вежбате. Најнаивни се оние што мислат дека се претвора во мускули.

Истражувањето на Едрју Браун (од универзитетот на Нов Јужен Велс) и австралиската ТВ ѕвезда Рубен Мирмен (некогашен физичар) сугерира дека килограмите се губат преку издишување на маснотијата. Ваквиот став се темели на постоечките знаења во областа на биохемијата.

„Изненадувачки е колку незнаење и заблуди постојат за метаболичкиот процес на губење на килажата. Точниот одговор е дека најголем дел од масата ја издишуваме во вид на јаглен-диоксид. Оди во воздухот“, вели Браун.

Вишокот јаглени-хидрати и протеини се претвора во хемиски соединенија наречени триглицериди (кои се состојат од јаглерод, водород и кислород) кои се чуваат во липидните капки на масните клетки.

За да ослабеме, се обидуваме да ги метаболизираме тие триглицериди, а тоа значи исфрлање на јаглеродот кој е складиран во нашите масни клетки.

За губење на 10 килограми човечка маст потребно е да се вдишат 29 килограми кислород, произведувајќи 28 килограми јаглен-диоксид и 11 килограми вода. Според рачунките на истражувачкото дуо, од 10 килограми масти, дури 8.4 кг. се исфрлаат преку издишувањето, во вид на јаглероден-диоксид. Останатите 1.6 килограми пак, стануваат вода, која се исфрла преку урината, изметот, поттта, плунката, солзите и други телесни течности.

Изненадувачки, но ете, нашите бели дробови се главен орган за ослободување на вишокот килограми. Па, дали тоа значи дека треба да дишиме повеќе и дека тоа е доволно за слабеење? Убава замисла, ама не. Пребрзото вдишување и издишување (се што е над потребната метаболичка стапка на поединецот) може да доведе до хипервентилација, која се манифестира со вртоглавица, треска и губење на свеста.

- Реклама -