Танцување на пешачки за поголема безбедност во сообраќајот

Откако пред извесно време ви го прикажавме решението на Германците за да го направат чекањето на пешачки премин позабавно, денес ви прикажуваме и што можат да прават Португалците, кои со оваа иновација потврдуваат дека се далеку потемпераментна нација.

Имено, додека Германците можат да играат игри со минувачот од спротивната страна, жителите на Лисабон танцуваат според чекорите кои ги „диктира“ семафорот.

Концептот е следен: случаен минувач влегува во големата црна кутија во која има музика и танцува, а неговите движења се пресликуваат на човечето во светлото на семафорот.

Оваа генијална иновација е дело на компанијата „Smart“, а идејата е спроведена како дел од кампањата за поголема безбедност во сообраќајот. Според нивните статистики, бројката на луѓето кои запреле на црвено светло додека танцува се зголемила за 81 процент.

- Реклама -