Откако бездомник и ги понудил последните 6 долари за да се врати безбедно дома, таа решила да му помогне

СПОДЕЛЕТЕ

Доминик Харисон-Бентзен е 22-годишната Британка која восхитена од гестот на бездомникот кој и ги понудил последните 6 долари за таа да се врати безбедно дома навечер со такси, решила да ја возврати услугата. Имено, таа 24 часа поминала на улица, со цел да собере доволно пари за тој да може да си изнајми живеалиште.

„Тој е бездомник веќе седум месеци, и бидејќи нема сопствено живеалиште, не може ниту да најде работа“, напишала Доминик на социјалните мрежи.

Нејзината кампања била споделена на Твитер и од поранешниот фронтмен на Stone Roses, Иан Браун, со што уште повеќе се зголемил интересот за да му се помогне на бездомникот чие име е Роби.

Британската убавица, која за медиумите изјавила дека не ја приватила великодушната понуда на Роби, успеала да собере 25.000 долари со цел да му го олесни тешкиот живот.

aXEe5ED_700b

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ