Природен лек против подуеност и гасови

СПОДЕЛЕТЕ

Одлична комбинација на лековити состојки го прави овој домашен лек ефикасно средство против подуеност.
Доколку често патите од подуеност во стомакот и гасови, ви предлагаме природен сок кој може да биде решение на овие проблеми.

Потребно ви е:

Половина мал ананас

Половина главица или 2 дршки од анасон

2 дршки целер со листови

Парче корен од ѓумбир 2-3 сантиметри.

Подготовка:

Сите состојки измешајте ги во блендер. Додадете малку вода по потреба, за да биде течно. Пијте на празен желудник додека тешкотиите не исчезнат. Доколку имате моќен соковник можете да исцедите и да измешате сок од сите состојки и да го пиете на празен желудник, додека цревната флора не се обнови.

Ананасот содржи енизми кои помагаат при варење. Целерот спречува задржување на вода. Анасонот и ѓумбирот влијаат на обновување на флората на цревата. Поради тоа, ова е моќна комбинација која може да ви помогне.

Прочитај повеќе: Подготовка на грав што не предизвикува подуеност и гасови

- Реклама -