Да подариме СРЕЌА на децата од Дневниот Центар за Деца од Улица во Шуто Оризари

СПОДЕЛЕТЕ

Да подариме среќа на децата од Дневниот Центар за деца од улица во Шуто Оризари.

Сите заедно-можемне да ги израдуваме неизмерно и со нашето Малку да направиме Многу за нивниот подобар живот.

Здруженето “Хуманост без граници” ве повикува на урбана хуманитарна собирна акција на облека за деца од 3 до 18 години,училишен прибор и помагала, играчки, книги, сликовници, учебници, хигиенски средства, чевли и чизмички и се на што децата би се израдувале. Во Дневниот центар денот го поминуваат околу 100 деца.

Да им ја доловиме и на овие дечиња Новогодшната магија. Да им помогнеме и тие да се израдуваат на подароците, кои можеби не можат да си ги дозволат, од повеќе причини

Нашите волонтери ќе ве пречекаат пред Спомен Куќата на Мајка Тереза, во сабота, на 27 декември, во период од 11-13 часот каде можете да ги оставите вашите донации.

Ајде заедно- да правиме Добрини!

Да бидеме ние, сите заедно, промената кон Подобар Свет.

Текстот е превземен од www.donacii.mk.

- Реклама -