Како да го блокирате поранешниот или поранешната на Фејсбук?

СПОДЕЛЕТЕ

Поминавте низ многу лош раскин на врската со девојката или момчето, и она што најмалку го сакате е да ги добивате нивните статуси и слики на Фејсбук.

Но, како да ги блокирате таквите работи без да навредите некого?

Фејсбук објави кратко видео во кое објаснува како можете да блокирате некого на оваа социјална мрежа, а другата страна воопшто да не знае дека е блокирана. Можеби се работи за некој „спамер“, можеби за поранешен дечко или девојка, а можеби за некој досаден пријател кој секојдневно објавува слики од храна.

Во ова кратко видео, Фејсбук објаснува како можете лесно да блокирате и деблокирате некого (доколку се предомислите).

Во продолжение можете да погледнете и уште неколку совети за тоа како да споделите нешто само со своите пријатели, како да ги тргнете „таговите“ од вашата слика, како да ја смените објавата, итн.

- Реклама -