Австриско езеро кое во себе крие неверојатна тајна

СПОДЕЛЕТЕ

„Gruener see“ или во превод Зелено езеро, се наоѓа во јужниот дел на австриската провинција Штаерска. Она што го чини толку посебно е фактот што иако неговата длабочина во летните денови изнесува само еден метар, во рана пролет тоа во целост се менува.

Имено, езерото кое се наоѓа во близина на градот Трагос и планината Хохшваб, поради топењето на околните снегови значително ја зголемува својата длабочина, па така, зелените паркови кои се наоѓаат околу него се во целост поплавени.

Нивото на водата значително се подигнува, понекогаш дури и до 12 метри, а паркот се претвора во вистинска подводна атракција. Дрвјата кои се наоѓаат во него се навикнати да бидат под вода и по неколку месеци во годината, со што пејзажите кои се кријат во Зеленото езеро изгледаат уште поволшебно.

Двајца нуркачи решиле да ја овековечат оваа австриска убавина, па создале серија фотографии кои се најдоа на голем број изложби и натпревари ширум светот.

437d89e318 jezerce jezero2 jezero3 jezero4  jezero jezerooo OLYMPUS DIGITAL CAMERA jezerooooooo jezeroooujezero5

- Реклама -