Убав, млад, згоден и паметен! Тој е најголема ѕвезда на YouTube и „плива“ во пари!

СПОДЕЛЕТЕ

Феликс Кјелберг, кој коментира компјутерски игри, секој ден добива нови 25.000 следбеници, и годишно заработува повеќе од четири милиони долари!
Тој не е ни пејач, ни спортист, и за многумина е сосема анонимен, но Швеѓанецот Феликс Кјелберг моментално без конкуренција е најголема ѕвезда на YouTube, со повеќе од 32 милиони регистрирани следбеници, за што познати личности како Лејди Гага и Џастин Бибер можат само да сонуваат, пишува Telegraf.

Феликс, кој има 25 години, под псевдонимот PewDiePie на интересен начин ги коментира компјутерските игри, но и некои актуелни општествени прашања, а благодарение на армијата фанови, тој заработува околу четири милиони годишно, и таа сума сигурно ќе се зголеми, со оглед на тоа што Кјелберг на секои 3,5 секунди добива нов следбеник или, ако ви е полесно, 1.041 секој час, односно 25.000 дневно!

- Реклама -