Брзате? Нашминкајте се како професионалец за 10 минути

Секојдневната шминка може да биде готова за помалку од десет минути, доколку правилно го искористите времето.

Доколку брзате за на училиште, факултет или работа, овој природен ефект е идеален за вас.

За идеална шминка најважно е добар тен. Затоа секогаш започнувајте со течна пудра, која најбрзо ќе ја нанесете со голема четка. Работата ќе ви биде полесна доколку пудрата идеално одговара на вашата боја на тен, а за да изгледате свежо и одморено одлучете се за хидратантна пудра која што одбро прекрива.

Следен чекор се образите, кои во брзање многу девојки ги забораваат. Тие му даваат форма на целото лице, и затоа задолжително издвоите неколку минути за овој чекор. Пронајдете сенка која одговара на вашата боја на образи и со неколку потези пополнете ги.

Доколку брзате, вистинска работа е моливчето за очи или тушот. Затоа одлучете се за едноставен изглед на очите, во светли бои. Шминкањето може да биде многу полесно доколку имате четка која што ви одговара. Капаците истакнете ги со светла сенка.

На крајот завршете со неколку слоеви римел, и незаобиколениот коректор за подочници. Малку руменило и сјај за усни, и подготвени сте.

Ваквата шминка делува многу свежо и романтично, а може да биде готова за помалку од десет минути.

- Реклама -