Вкупно 300.000.000 мотоцикли од Хонда

Honda Motor објави дека глобалното производство на мотоцикли на компанијата ја достигна границата од 300.000.000 единици. Јубилејниот претставник, произведен во првиот погон на марката, Kumamoto Factory, бил од специјалната серија Gold Wing 40th Anniversary Edition.

За остварувањето на производствената граница од 300 милиони мотоцикли, на Honda и биле потребни 66 години, по лансирањето на моделот Dream Type-D. Компанијата почнала со сериското производство во 1949 година во Јапонија, а моделите на марката почнуваат да се составуваат надвор нејзината татковина во 1963 година, во Белгија.

Во моментов, Honda ги произведува своите мотоцикли во 33 фабрики во 22 земји во светот.

- Реклама -