За „Не дај боже“: Како да исечете јаже без нож (или друг алат)

Ако некогаш се најдете во ситуација да треба да исечете јаже или конец, а немате никаков алат при рака, не е крај на светот. Се што ви треба е триење и малку рачна работа.

Youtube корисникот DaveHax објаснува како да се подготвите за „.сечењето без сечило“. Обележете го делот каде што сакате да го скинете јажето, потоа постелете го на земјата така што ќе можете да го прицврстите така што ќе го нагазите со двете нозе. Обележаниот дел треба да е на средина, а потоа грабнете и затегнете го вишокот, протнете го остатоток од јажето под делот каде што треба да исечете, и искористете го како пила. Овој метод е супер за најлонски јажиња и жици, но работи и се други типови на јажиња, се додека не конецот не е предебел. Се разбира, подобро е да имате алат, ама кога тоа не е случај, барем ќе имате идеја како да го решите проблемот.

- Реклама -