Спас во последен час: Намалете неколку килограми со помош на овој пијалок

СПОДЕЛЕТЕ

Доколку сакате во краток рок да загубите неколку килограми, ова е совршеното решение за вас, и воедно спас во последен час. Без никаква гаранција дека после ова нема повторно да се вратите на истата тежина, консумирањето на овој пијалок во рок од 5 дена ви нуди краткотрајно решние. Некои велат дека изгубиле и до 3 килограми, секако, притоа внимавајќи на исхраната.

Состојки:

– 1 цвет магдонос

– 1 лимон

– 1 чаша вода

Lemon-and-Parsley-bad-breath

Подготовка:

Магдоносот исецкајте го ситно (по можност во блендер), исцедете го сокот од лимон и полијте ја оваа смеса со чаша вода.

Начин на конзумирање:

Сокот би требало да го пиете наутро на празен желудник, во рок од 5 дена, а потоа да направите пауза од 10 дена. Овој пијалок помага при согорувањето на калориите, и го храни вашето тело со витамини и минерали. Покрај тоа магдоносот го подобрува варењето на храната, овозможува брзо ослободување на насобраните течности во телото, кои не прават да изгледаме и подебело отколку што всушност сме. За пет дена може да намали и до три килограми.

Совет:

Доколку ваквиот пијалок ви стане здодевен, можете понекогаш водата да ја замените со јогурт. Тој ќе го потпомогне варењето и содржи 0 маснотии.

- Реклама -