Решена е мистеријата на женската сексуалност!

Женската желба за секс е далеку покомплекна од што досега се мислеше.

Новото истражување за женската сексуалност покажало како хормоните кај поубавиот пол не се фактор кој предизвикува желба за секс.

Напротив, одлучувачки фактори се нејзиното задоволство со односот со партнерот и други психосоцијални фактори.

Screenshot_13

Новото истражување, спроведено во неколку американски градови, покажало дека нивото на тестостеронот и оснататите полови хормони имаат ограничена улога во предизвикувањето на женската желба за секс, особено во периодот на менопауза.

Иако тестостеронот е главен машки полов хормон, жените исто така го имаат во мали количини, а го произведуваат јајниците.

„Додека нивото на тестостеронот и останатите репродуктивни хормони се отсекогаш сметани за клучни фактори за сексуалната желба кај жените, нашата голема студија сугерира дека всушност клучот за тоа е психосоцијалниот фактор“, изјавил Џон Рандолф од Медицинскиот факултет во Мичиген.

Имено, студијата се базира на тезата дека за сексуалната желба кај жените е исклучително важно таа во врската да се чувствува емоционално добро.

Истражувачите собрале податоци од 3.302 жени кои учествувале во проучувањето на женското здравје низ целата земја, со цел да се анализира врската помеѓу репродуктивните хормони и сексуалната функција за време на менопаузата.

Жените биле прашани за својата желба за секс и сексуалните активности.

Исто така, дале примерок од крвта од кој се мери нивот на тестостерон и други репродуктивни хормони, меѓу кои и DHEAS кој телото може да го претвори во тестостерон или во облик на естроген кој се нарекува естрадиол, т.е.FSH.

Во истражувањето се нашле и жени кои природно имаат повисоко ниво на тестостерон од нормалата и затоа почесто чувствуваат желба за секс отколку жените со ниско ниво на овој хормон.

Но, истражувањето особено ги изненадило еден факт кој сигурно ќе ги реши многуте сомнежи во врска со женската сексуалност кај двата пола.

Поточно, истражувачите забележале дека жените кои се позадоволни во емоционалните односи во својата врска, имаат подобар сексуален живот со својот партнер.

„Односите со партнерот и секојдневниот живот навистина многу влијае на сексуалната желба“, нагласува Рандолф, а ова се однесува не само на жените во менопауза, туку на женскиот род во целина.

- Реклама -