Виц: Оглас за работно место – атентатор

ЦИА објавува оглас за отворено работно место – атентатор. По сите детални проверки, интервјуа и тестирања, селектирани се тројца финални кандидати – двајца мажи и една жена.

За финалниот тест, ЦИА агентите го носат првиот кандидат до некоја просторија со огромна метална врата и му врачуваат пиштол.

– Мораме да бидеме сигурни дека ќе ги следиш инструкциите без оглед на околностите. Во собата е твојата жена, врзана за стол. Убиј ја.

– Ти мора да се шегуваш! Никогаш не би можел да ја застрелам мојата жена!

– Тогаш, вие не сте вистинскиот човек за работата. Земете си ја жената и одете дома.

На вториот кандидат му биле дадени истите инструкции. Тој го зема пиштолот и влегува во собата. Цели 5 минути не се слуша никаков звук. Излегува мажот во солзи, бришејќи ги очите.

– Пробав… ама не можам. Сепак… таа ми е жена.

– Значи го немате она што е потребно за работата. Земете си ја жената и одете дома.

Конечно, стигнува на ред жената кандидат. И ги даваат истите инструкции, и го даваат пиштолот, а таа без двоумење влегува во собата. Се слуша еден истрел. По некоја секунда, уште еден, па уште неколку. Се слушаат вресоци, тропање, кршење, удари по ѕидовите. По неколку минути, се се стишува. Се отвара вратата и таму стои жената, нервозно бришејќи ја потта од челото.

– Па добро бе, да му се невиди, сте ми дале пиштол со ќорци! Морав да го дотепам со столицата!

- Реклама -